Трката по вакцини против опасниот вирус во светот продолжува. Секоја посериозна држава се обидува да набави што е можно побрзо вакцини за своето население.
Унгарија денеска ќе ја добие првата серија од руската вакцина против Ковид-19, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
Минатиот месец Унгарија стана првата земја членка на ЕУ која ја купи руската вакцина Спутник V. Како што беше соопштено во земјата денеска ќе пристигнат 40.000 дози од руската вакцина.
За потсетување, руската амбасада во Скопје пред извесно време ги понудила руските вакцини и на нашите власти, но засега нема ништо од бизнисот. Инаку, во Македонија уште не е пристигната никаква вакцина против корона вирусот.