Возило утрово излета во реката Вардар преку оградата на мостот на „Револуцијата“ кај крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кочо Рацин“ кај „Веро Џамбо“ во центарот на Скопје.
Во веста што ја објави „Слободен печат“ се наведува дека засега нема инфоррмации за состојбата на возачот и евентуално дали во автомобилот имало и други патници.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Фото: Слободен печат
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



