Темен режим Режим на светлина

Вработен во пошта од сметка на починато лице извлекол 220.000 денари

Полицијата во Дебар поднела кривична пријава за 58-годишно лице од општина Центар Жупа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д. Ј. (58) од селото Новак, општина Центар Жупа, соопшти полицијата.

Имено осомничениот, во својство на вработен во подружница на АД „Пошти“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Струмичанка ќе одговара за фалсификување ПЦР тестови, 11 лица за тоа што ги користеле

Следна објава

Вкупно 29 починати и 1.045 нови случаи на Ковид-19