Темен режим Режим на светлина

Вучиќ: Пожарот и пукањето пред парламентот е терористички чин со политички мотив

Вучиќ: Додека јас сум претседател, нема сомневање дека Србија ќе биде на европскиот пат Вучиќ: Додека јас сум претседател, нема сомневање дека Србија ќе биде на европскиот пат
Вучиќ

Се уште се расчистува ситуацијата околу предизвиканиот  пожар и пукањето пред српскиот Парламент во Белград.

Засега е познато дека е запален еден од шаторите кои се поставени од страна на студентите што се спротиставуваат на долготрајните блокади низ Србија. При пукањето повредено е едно лице а уапсено е друго кое го извршило нападот.

За ова веднаш се огласи претседателот на Србија Александар Вучиќ кој настанот го карактеризира како терористички чин. Во повторното вонредно телевизиско обраќање Претседателот рече дека мотивот бил политички со цел да се создаде општа опасност. Тој нападот го окарактеризира како терористички а  напаѓачот бил поранешен службеник во државната безбедност.

“Зошто реков дека станува збор за терористички акт? Затоа што има употреба на огнено оружје со цел да се создаде општа опасност, а мотивот е политички. Тој сам кажа дека му сметале шаторите”, изјави Вучиќ. Лицето кое е застрелано се наоѓа во критична состојба со куршум во пределот на препоните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Обвинителството со детали за прилепската болница, истрага против 32 физички и правни лица

Следна објава

Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор изборен круг, Владата итно да прогласи вонредна состојба