Темен режим Режим на светлина

Загрижувачките податоци алармираат: Демографијата не е тема за утре, туку за денес – затоа што без луѓе, нема ниту економија, ниту држава…

Загриѓувачките податоци алармираат: Демографијата не е тема за утре, туку за денес – затоа што без луѓе, нема ниту економија, ниту држава Загриѓувачките податоци алармираат: Демографијата не е тема за утре, туку за денес – затоа што без луѓе, нема ниту економија, ниту држава

Демографскиот аларм се почесто вришти во се чини малку поспаната Европа. До крајот на векот населението на континентот може да се намали за неверојатни 53 милиони луѓе.

Причините се добро познати: се раѓаат сѐ помалку деца. Последиците веќе се видливи – недостиг на работна сила, забавен економски раст и зголемен притисок врз пензиските и здравствените фондови.

Вришти ли алармот и во Македонија? Кај јас ситуацијата е уште позагрижувачка. Свесно ли е македонското население за тоа?
Бројот на новородени континуирано опаѓа, а и многумина се отселуваат – што го покажа и последниот попис.
Едноставно, без сериозни политики за задржување на младите и зголемување на наталитетот, Македонија ќе се соочи со уште подлабок демографски пад што е многу лошо.

Дел од граѓаните се свесни за проблемот, дел чекаат други да го решаваат. Еден скопјанец ни рече дека државата треба да понуди подобри финансиски услови за младите брачни двојки за порано да се решат да имаат деца, друг пак коментираше дека и младите се виновни, оти се повеќе бркаат кариера, отколку да размислуваат за зголемување на семејството.
„Еве како да се решам за дете, кога на работа не можам да добијам решение за неопределно работно време, туку газдата ми продолжува на секој месец и немам никаква сигурност“, коментираше млад човек.

Меѓу решенијата што ги нудеа граѓаните со кои направивме анкета се и специјални пакети за новороденчиња, за државата да ги стимулира младите на зголемување на семејството.

Скопјани го дадоа своето мислење, сега е ред на власта да реагира. Оти за ова прашање мора брзо да се размислува и делува и тоа од сите нас во земјава, оти демографијата не е тема за утре, туку за денес – затоа што без луѓе, нема ниту економија, ниту држава. А и времето работи против Македонија оти ефектите од евентуалните сегашни мерки ќе се чувствуваат дури по години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Остра порака од Нетанјаху до Техеран: Никој нема гаранција за живот

Израелците протестираа против Нетанјаху: Доста ни е од бескрајни војни и дефинитивно доста ни е од оваа Влада

Следна објава
Нашите аеродроми се лидери по раст во регионот, очекуваме рекорден број патници до крајот на годинава, објави министерот Николоски

Нашите аеродроми се лидери по раст во регионот, очекуваме рекорден број патници до крајот на годинава, објави министерот Николоски