Темен режим Режим на светлина

Зеленски бара мировниот договор да содржи и датум за влез на Украина во ЕУ

Претседателски избори заедно со референдум ќе се организираат во Украина во мај за одобрување на мировен договор со Русија Претседателски избори заедно со референдум ќе се организираат во Украина во мај за одобрување на мировен договор со Русија

Украинскиот претседател Зеленски повика секој мировен договор за ставање крај на војната во Украина да вклучува конкретен датум за пристапување на земјата во ЕУ.

Тој рече дека Украина „ќе направи сè“ за да биде „технички подготвена“ за влез во Унијата до 2027 година.
„Сакам конкретен датум“, кажа Зеленски и предупреди дека ако договорот, не содржи датум, Русија ќе работи на блокирање на процесот – индиректно, преку одредени европски претставници.

Тој го опиша членството во ЕУ како безбедносна гаранција за Украина, нагласувајќи ја потребата од конкретни детали со фиксна временска рамка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
За пожарот во дивата депонија во Визбегово што го задуши Скопје, обвинети три физички и едно правно лице

За пожарот во дивата депонија во Визбегово што го задуши Скопје, обвинети три физички и едно правно лице

Следна објава
Бислимоски се повлече од функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Бислимоски се повлече од функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика