Темен режим Режим на светлина

Зголемена платата на директорот Стојанче Ангелов, ќе изнесува 105.159 денари

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Синдикалните претставници коментирајќи ја ваквата одлука реагираат дека секој заслужува зголемување на плата но работниците заслужуваат повеќе од функционерите.

Измената доаѓа по смената на директорот, односно откако со ДЗС почна да раководи Стојанче Ангелов.

Неговата плата, се зголемува за околу 12 илјади денари, односно за 13,8 отсто. Па така, платата која досега била 92.375 денари, од идниот месец ќе биде 105.159 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“

До петок ќе биде поднесено обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Следна објава

Целосно реновирани управните служби во зградата на МРТВ, граѓаните ќе имаат можност за брзи и ефикасни услуги