Жена паднала од зграда во Охрид, приведени две лица

Жена паднала од трети кат на зграда во Охрид, а по што се приведнеи две лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Случајот бил пријавен денеска во 11:10 часот. Во пријавата било наведено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Подоцна, во 11:45 часот, од СВР Охрид велат дека на улицата „Јане Сандански“ биле лишени од слобода 32-годишниот А.Д. и 21-годишниот Е.М, двајцата од Охрид.

-Јавен обвинител и полициски екипи вршат увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

Претходна вестГрад Скопје: Случајот со исчезнатите клупи е пријавен во полиција, Пановски само го интересира паушалот од 500 евра
Следна вестМицкоски: Откако зададоа удар на македонските интереси, СДС во очај водат лажна и валкана кампања