Град Скопје: Случајот со исчезнатите клупи е пријавен во полиција, Пановски само го интересира паушалот од 500 евра

Трагично е што советникот Никола Пановски коментира без соодветно да се информира за случајот кој е пријавен во полицијата и одговорот советникот треба да го бара токму од МВР, соопшти денеска Градот Скопје. До реакцијата доаѓа откако Пановски на Фејсбук објави дека од кејот на Вардар исчезнале 29 клупи, а објаснувањето не може да се добие од градските служби.

Во соопштението на Градот Скопје се наведува дека одговорот советникот треба да го бара од полицијата.

-Случајот кој е пријавен во полицијата и одговорот советникот треба да го бара токму од МВР. Очигледно советникот Пановски нема храброст да го контактира неговиот помошник министер во МВР кој доаѓа токму од неговата партија ЛДП и да го запраша до каде е истрагата за случајот или ќе продолжи и натаму да соли памет на социјалните мрежи? Доколку не побара одговорност од својот партиски кадар на ЛДП тој ќе ги потврди пројавените сомнежи кои покренуваат прашање дали тој самиот е инволвиран во случајот за кражбата на клупи, имајќи во предвид колку е запознаен во детали за начинот на кој е оштетен имотот на граѓаните и на кој се исчезнати клупите од Градскиот парк, се потенцира во соопштението.

Од Градот Скопје ушт ему порачуваат на Пановски дека „продолжува со срамното однесување наместо да си го заработи чесно паушалот од 500 евра за една седница месечно и да се бави со она за кое што е избран во Советот на Град Скопје“.

-Однесувањето на Пановски не доликува на советник, а уште помалку доликува на професор, доктор и човек кој треба да образува нови генерации. Во изминативе две години Пановски во Советот на Градот е безгласна буква, советник кој нема предложено ниту еден амандман, а камоли некакво решение во интерес на скопјани, во интерес на оние кои го гласале. Единствено нешто кое го интересира Пановски е паушалот од 500 евра за кој, за жал, не работи ништо имајќи ја во предвид неговата неактивност како советник, наведуваат од Градот Скопје.

Претходна вестОд понеделник нецелосно вакцинирани и невакцинирани деца со ди-те-пер нема да се примат во градинките
Следна вестЖена паднала од зграда во Охрид, приведени две лица