Темен режим Режим на светлина

Жена тешко повредена во сообраќајна несреќа на „Тоде Думба“ во Куманово

Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, соопшти Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија.

Несреќата била пријавена на 8 март околу 23:50 часот во СВР Куманово, а во неа учествувале патничко возило „фолксваген“ управувано од 28-годишната К.П. и патничко возило „фолксваген голф“ управувано од 29-годишната А.Н., двете од Куманово. При судирот биле удрени и три паркирани патнички возила.

Во несреќата К.П. се здобила со тешки телесни повреди, додека А.Н. се здобила со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Новата станица во Аеродром ќе обезбеди модерни услови за полициските службеници

Новата станица во Аеродром ќе обезбеди модерни услови за полициските службеници

Следна објава
Една чаша сок од портокал – корист или ризик?

Една чаша сок од портокал - корист или ризик?