Во акциска контрола во областа на сообраќајот Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на Град Скопје санкционира 221 возач, од кои 58 возеле со брзина над дозволената.
-Од изречените мерки, 15 се за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и четири за поминување на црвено светло на семафор, соопшти полицијата.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.