Темен режим Режим на светлина

Драги Ѓоргиев: Именувањето на бугарскиот културен клуб со „Ванчо Михајлов“ е арогантна провокација, се рушат и последните надежи за пристоен дијалог

Именувањето на бугарскиот културен клуб со името „Ванчо Михајлов“ е смислена и арогантна провокација со која се рушат и последните надежи за пристоен дијалог меѓу Македонија и Бугарија, смета Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Во изјавата за „Дојче Веле“ Ѓоргиев понецира дека се случил чин кој ги минира и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу двете земји.

-Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина, оценува Ѓоргиев.

Според него, повеќе од очигледна е тенденцијата да се потсети македонската јавност дека познатите идеи на Михајалов во однос на македонската нација и јазик ќе продолжат да бидат негувани во самата Македонија.

-Тоа е порака која, за жал, ќе го направи уште поголем расколот меѓу Македонците и Бугарите. Кога притоа, и покрај постоење на бројни други можности, се извлекуваат вредности кои припаѓаат на мрачната страна на историјата, тогаш, се разбира, мрачна е и пораката што се праќа кон околината. За жал, ваквиот чин ги минира и ги доведува во прашање и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. На овој начин се задушуваат и така сé помалубројните и сé потивки гласови на разумот на двете страни и се рушат и последните надежи за пристоен дијалог. Уште потажно е и тоа што е злоупотребена културата, еден од ретките мостови меѓу двата народи, оценува Ѓоргиев за „Дојче Веле„.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Јавно обвинителство: Поранешен полициски службеник се заканувал дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи

Следна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Пред Велигден температури во минус, на Велигден 26 степени