Темен режим Режим на светлина

Вчера направени 684 теста – 18 нови заразени, во статистиката пишано починато лице од март

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 684 тестови, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16 и Битола – 2.

Од вкупниот број на позитивни (18), регистрираниа е 1 реинфекција.

Регистриран e 231 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), починато во домашни услови, пријавено на 30.03.2022 година.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а бројот на активни случаи изнесува 826, од кои 464 во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски бара од Брисел да се справи со Бугарија

Следна објава

Од полноќ поскапи горива