Темен режим Режим на светлина

Герасимовски тврди дека пожарот во „Треска“ не предизвикал загадување

Пожарот во „Треска“ не предизвикал сериозна загаденост на воздухот. Тоа го потврдуваат информациите од околните мерни станици кои во периодот од 13-ти април, ден пред настанувањето на пожарот, до денеска, не покажуваат надминување на параметрите за загаденост на воздухот, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, по денешниот состанок на „Штабот за заштита и спасување“ во Општина Центар.

Увидот од страна на Министерството за внатрешни работи е завршен, но во тек е предистражна постапка на Јавното обвинителство, по што Општината ќе ги знае конечните чекори за постапување. Општина Центар ги чека записниците од МВР и Противпожарната служба, како и насоките од Министерството за животна средина за да знаеме како да постапиме во однос на планираното отстранување на објектите кои се наоѓаат таму.

Тој посочи дека „Треска“ е фабрика за дрвна индустрија и тука има материјали од дрво, железо, бои и лакови и други материјали од тој тип. Само покривните табли се од компанијата „Салонит“, во чиј состав се наоѓа опасниот елемент азбест.

Сепак, Герасимовски вели дека состојбата во фабриката е навистина страшна, локацијата е можно жариште на нови пожари, но и еколошка катастрофа и депонија среде Центар. Според законските прописи, самите сопственици на објектите треба да си го исчистат отпадот, по налог на општината и останатите надлежни институции.

– Доколку во дадениот рок објектите не се отстранат, Општина Центар ќе испрати допис до ЈП „Комунална хигиена“ за да ја преземе обврската за отстранување на разрушените бараки од фабриката. При што сметката за тоа ќе биде на товар на сопствениците, истакна Герасимовски.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Утре променливо облачно со температури до 16 степени

Следна објава
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Променливо облачно со подолги сончеви периоди