Темен режим Режим на светлина

Полицијата и УЈП влегоа во казината во Гевгелија, откриени неправилности

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во соработка СВР Струмица и Управата за јавни приходи, вчера (17  април) извршиле контрола во повеќе казина и автомат-клубови на подрачјето на Гевгелија.

Од извршената контрола, од страна на УЈП во четири објекти биле констатирани неправилности во однос на водење книга за благајна, неистакнати правила за игра на јавно место, нередовно водење сметководствени книги и неправилности во книгите за дневен промет.

Исто така, во едно казино дневниот промет не бил пријавен подолг период, додека во друго казино бил пронајден покер апарат со спорен сериски број.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пет години повеќе за решавање на предметите за бесправно изградени објекти

Новинарите се враќаат во прес-центарот и на седници на Собранието,ќе им се мери температура на влез

Следна објава

Се чисти и уредува Општина Чаир