Темен режим Режим на светлина

Синоќа сообраќајка во Скопје – повредени четири лица, од кои две се деца

Четири лица, од кои две малолетни, се потешко повредени синоќа при судир на две возила во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 22.45 часот на улица „Христо Батанџиев“, при судир помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Д.Т. (30), и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.Б. (37), при што со тешки телесни повреди се здобиле четири лица – Г.Б. (35), сопатник во возилото „голф“, како и И.Б. и двете малолетни деца – негови сопатници.

Повредените Г.Б. и И.Б. биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, додека двете малолетни лица во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пендаровски и Ковачевски ќе се јават во Софија или вчерашните соопштенија се доволни?

Следна објава

Тренчевска најавува заменски воспитувачи и негуватели во градинките