Приведени се двајца малолетници кои вршеле тешки кражби во Скопје, соопшти денеска полицијата.
МВР наведе дека малолетниците се уапсени вчера во 15.40 часот на подрачјето на Карпош, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција Карпош и Единицата за интервентна полиција Центар и Бит Пазар при СВР Скопје.
– Тие биле фатени по извршени кривични дела „тешка кражба”, при што кај нив биле пронајдени и одземени три електрични тротинети и клучеви од две моторни возила. Малолетниците се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок, се вели во соопштението од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




