Volkswagen Golf има огромен број обожаватели за кои GTI е свето издание.
А меѓу нив, Volkswagen Golf II е веројатно најдобар. И не мислиме на Босна и Херцеговина, туку на САД, каде втората генерација на Golf на аукција постигна неверојатна цена од 87.000 американски долари или 80.300 евра.
Баш така, некој за VW Golf II издвоил сума за која мож да се купи новиот Golf R, и тоа два примерока. И за толку висока цена, вината е кај двајца купувачи кои се степаа и ги подигнаа сумите до небо.
Имено, текот на аукцијата го следеше вообичаениот ритам до сумата од околу 35.000 американски долари, а потоа со своите понуди се истакнаа двајца корисници, Кбод и Пабло. Останатите се откажаа на 45.000 американски долари, а потоа останатите двајца се нафрлија на Голфот како да е суден ден. Застанаа на споменатата сума што ја понуди Пабло.
Аукцијата Bring-A-Trailer предизвика невиден интерес. Во него учествуваа повеќе од илјада корисници, а рекламата собра над 620 коментари.
Да кажеме и дека објектот на аукцијата бил VW Golf II 16V од 1992 година со поминати 85.000 километри. Колата е во повеќе од пристојна состојба, со обемна опрема и целосна историја на сервисирање.



