Уште еден Данец во Битола: Еурофарм Пелистер се засили со лев бек

Тимот на Еурофарм Пелистер денес потврди ново засилување, во Битола пристигна 30-годишниот лев бек Каспер Кисум од Сондерјуске. По Себастијан Хенеберг, Кисум е уште еден Данец кој ги засилува „пелистерци“.

Станува збор за ракометар кој во кариерата освен за Сондерјуске настапуваше за Рингштед, Нордсјаленд, Фленсзбург, Битенфелд, Хановер, Феникс Тулуз.

Тренерот Ларс Валтер на располагање Кисум ќе го им за неколку дена, а претставувањето ќе биде во текот на следната недела во клупските простории.

Претходна вестМНР: Бугарија дозволи радикални поединци да дојдат до Деве Баир
Следна вестГолф двојка е продаден за над 80.000 евра