Темен режим Режим на светлина

МЗТ Скопје го доби дербито против Работнички

По поведата во АБА лигата синоќа кошаркарите на МЗТ Скопје победија и во домашното првенство. „Штрковите“ во драматично дерби го победија големиот ривал Работнички со 91:87.

Натпреварот донесе многу возбуда, неизвесност и добра игра. МЗТ Скопје водеше во најголем дел од натпреварот, но Работнички опасно се доближи во завршницата. Сепак, искусниот Војдан Стојановски ги разреши дилемите и донесе триумф за екипата од Аеродром.

За уште подобар впечаток од овој натпреват се погрижија и двете навивачки групи на трибините, „Фемили Аеродром“ и „Сити Парк Бојс“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Евакуирани македонските ученици затекнати во загрозеното подрачје во Турција

Следна објава

Што власта во Македонија прави околу демолираниот македонски клуб во Бугарија?