Калин Ивановски скокна за 30 места на АТП листата и сега е на 504. место во светот

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски има сериозен напредок на АТП листата по одиграниот турнир во Тунис.

Ивановски стигна до полуфиналето на турнирот во Монастир, Тунис, а тоа му донесе напредок на АТП листата.

На најновата листа тој има скок од 30 позиции и сега се наоѓа на 504. место во светот.

На лидерската позиција е Новак Ѓоковиќ, а по него се Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Андреј Рубљов и Рафаел Надал.

Претходна вестМакедонката Стефанија Гаштарска за која „Форбс“ предвидува ѕвездена иднина: Се е возможно доколку се вложиш максимално
Следна вестЧествување на ликот и делото на Григор Прличев во Охрид