До каде ќе оди експериментирањето: Научници пресадиле дел од човечки мозок во стаорци?

Во светската наука во последнниве децении има секакви обиди и експерименти. Во такво нешто се впуштиле и научници од Америка кои интегрирале неврони од човечки мозок со големина на семе во стаорци.

Целта велат дека им била со овој експеримент  во иднина да се одгледуваат мозочни ткива од сопствените клетки на пациентите во лабораторија, кои ќе користат за поправка на повреди на мозокот предизвикани од мозочен удар или траума.

Иако нивнот труд е првиот обид дека мозочното ткиво одгледано во лабораторија може успешно да се имплантира на местото на повредата за да се поправи оштетениот дел од мозокот на возрасни лица, за сега останува мистерија дали, навистина може да се спроведе една ваква студија во пракса.

Дали ова е големо откритие, или уште еден настран експеримент останува да се види.

Претходна вестЧествување на ликот и делото на Григор Прличев во Охрид
Следна вестНаумче Мојсовски: Наводите на Антикорупциската комисија се неосновани и неточни