Наумче Мојсовски: Наводите на Антикорупциската комисија се неосновани и неточни

Целосно ги отфрлам наводите на ДКСК, како неосновани, неточни и инспирирани од лукративни цели на сомнителни спортски институции, одговори денеска Наумче Мојсовски, диркетор на Агенцијата за млади и спорт на најавите од државата Антокорупциска комисија дека ќе му поднесе кривична пријава поради бројни злоупотреби.

Изјавата на Мојсовски е вградена во денешното соопштение со кое АМС одговара на тврдењата на антикорупционерите но и на претседателот на МОК г-дин Даниел Димевски кој побара негова смена.

-Агенцијата за млади и спорт сака да ја информира јавноста дека информациите изнесени од страна на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата поврзани со даночното ослободување на спортските субјекти, преку т.н. “ваучерски систем”, се тенденциозни и целосно неточни. И на јавната седница на ДКСК, но и преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани единствено од лукративни цели, се изнесоа еден куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спортот и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем, се наведува во соопштението.

АМС укажува дека јавното браќање на Даниел Димевски е исполнето со „грст невистини“.

-Господинот Димевски јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е идејниот творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централната комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК а подоцна и негов претседател, и во исто време човек кој истата таа 2020 година побарува износ од 15 милиони денари за МОК иако требало како претседател да биде свесен дека таа институција во тој момент не ги исполнува законските услови за регулирана спортска дејност. Основната идеја за донесувањето на мерките за даночни олеснувања во форма на ваучери за спортските субјекти уредени првично со измените во Законот за спортот од 2019 година, имаше за цел да се зголеми државната поддршка на македонскиот спортски систем и да се стимулира приватниот сектор повеќе да инвестира во спортот, потецираат од Агенцијата.

Оттаму доадваат дека членовите на Централната комисија се на предлог на Владата, но тие не се оние кои ги “доделуваат” ваучерите за даночно ослободување, како што е посочено од страна на ДКСК, туку се административна комисија која врши само административно – техничка обработка и евалуација на пристигнатите апликации и предлог – листата ја доставува до Советот за спорт (кое е стручно – советодавно тело, согласно член 25 од Законот за спортот).

-Советот за спорт во рок од 5 дена од приемот на предлог-листата на спортски субјекти кои ги исполнуваат критериумите за користење на средства од даночното ослободување, на седница ја утврдува и усвојува предлог ранг – листата. Вака усвоената листа на субјекти Агенцијата за млади и спорт ја објавува на својата веб – страница. Очекуваме дека надлежните институции во најкраток можен рок ќе се произнесат за обвинувањата на ДКСК со цел јавноста да има целосен увид во работата на Агенцијата за млади и спорт. Најавуваме дека Агенцијата за млади и спорт е целосно отворена за соработка со сите надлежни институции и воедно заедно со директорот Мојсовски ќе ги преземеме сите правни процеси со цел да се заштити угледот на институцијата, се потенцира во соопштението.

Претходна вестДо каде ќе оди експериментирањето: Научници пресадиле дел од човечки мозок во стаорци?
Следна вестЗа десет години бројот на лекарите во Македонија опадна од 7.400 на 5.400