За десет години бројот на лекарите во Македонија опадна од 7.400 на 5.400

За околу 2.000 се намали бројот на лекарите во Македонија во последниве десет години, беше кажано на денешната панел-дискусија „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“.

-Одливот на лекарите во странство е многу голем. Ако пред 10 години во Македонското лекарско друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Горан Димитров претседател на најстарата професионална организација на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.

Проф. д-р Димитров беше еден од учесниците на панел-дискусијата „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“, во чест на 4 Февруари, Светскиот ден на борба против ракот.

На 4 февруари се одбележува Светскиот ден на борба против ракот и Европската куќа во Скопје организираше панел-дискусија.

-Кога зборувам во името на Македонското лекарско друштво е тоа дека целата поставеност на здравствениот систем кој носи бреме и од минатото и малата стагнација во воведувањето на нови форми на превенција на ракот, доведоа до тоа да ние во последните десет години да сме некаде и не многу лоши, меѓутоа сме во средината на географската Европа, рече проф. д-р Димитров кој беше еден од учесниците.

Д-р Димитров кажа дека ракот на грлото на матката е еден од оние карциноми чиј број за жал, не опаѓа иако е еден од најпревентибилните болести.

Претходна вестНаумче Мојсовски: Наводите на Антикорупциската комисија се неосновани и неточни
Следна вестМладо момче од Матејче се судрило со полициски „спарк“