Темен режим Режим на светлина

Муслиу и Зајков отпаднаа за Фарски Острови, селекторот Милевски повика нов дефанзивец

Македонија имаше победнички старт на квалификациите за Европското првенство, па сега во мирна, позитивна атмосфера може да до дочека пријателскиот меч против Фарски Острови закажан за 27 март во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски за новиот тест нема да може да смета на неколку играчи, па така по Столе Димитриевски ослободен е централниот дефанзивец Висар Муслиу, а недостапен ќе биде и Ѓоко Зајков кој се повреди на синоќешниот натпревар со Малта.

Ако на ова се додаде дека недостапни се уште Дориан Бабунски и Аријан Адеми, тогаш станува јасно зошто Милевски се реши да повика уште еден играч во ростерот-тоа е членот на Адана Демирспор, Јован Манев.

Манев има настапи за турскиот прволигаш во актуелнава сезона и ова ќе биде награда за добрата неговата работа, посветеност, односно ќе може да се покаже и во националниот тим.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пожар предизвикан од плински уред во скопски Карпош

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Претпладневното сонце ќе го замени попладневниот дожд