И во вчерашниот, последен ден од викендот, кога е намален интензитетот на сообраќајот пребрзото возење пак било најчест прекршок што го прават возачите на скопското подрачје. МВР денеска соопшти дека вкупно биле изречени 170 санкции за најразлични пркершоци.
-Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.