Темен режим Режим на светлина

Ке се најде ли сторителот кој го уништи зеленилото на булеварот „Трета македонска бригада“?

Скопје одамна стана град со малку зеленило но и метропола каде она што постои се уништува безмилосно.

Таков пример деновиве забележавме на булеварот „Трета македонска бригада“ на подрачјето на скопската општина Аеродром.

Несовесни возачи, со тешки градежни возила, напросто уништија дел од тревникот покрај коловозот во близина на средното училиште „Димитар Влахов“.

Неубавата глетка стои со денови при што никој не реагира за да се поправи уништеното.

Најмалку се заинтерсираа сторителите на кои ваквата навика, очигледно, не им е од скора. За жал, ваквото однесување стана правило на подрачјето на градот. Камионите и тешката механизација газат и преку зеленилото со цел да им пристапат на градилиштата кои никнуваат преку ноќ. Надлежните органи, градски и општински инспекции, би требало да се позанимаваат посериозно са ваквите сторители. Првин со изрекнување на казните а потоа и со наложување на обврската зеленилото да се обнови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Убедлива победа на Мицотакис во Грција

Следна објава

Кина стана најголем извозник на автомобили во светот