Темен режим Режим на светлина

69-годишник насила држел 48-годишна жена во својот дом, сакал да му стане сопруга

МВР информира дека синоќа во 21.40 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.Н.(69) од с. Лакавица – Штипско поради претходна пријава од 48 годишна жена дека на 19.05.2023 околу 14.00 часот тој противправно ја држел во својот дом инсистирајќи да му стане сопруга.

-Откако избегала, таа го пријавила случајот во полициска станица, се наведува во соопштението.

Л.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Скопјанец пронајден мртов во стан во Аеродром

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Попладневните пoројни дождови ќе го заменат утринското сонце