Темен режим Режим на светлина

Заменик-командир на шумска полиција во Демир Хисар не поднел пријавa против дрвокрадци

Полицијата поднесе кривична пријава против заменик-командирот на шумската полиција во Демир Хисар поради злоупотреба на службената положба.

Утврдено е дека пријавениот Д. Т. (58), во својство на заменик-командир на Шумската полиција во Демир Хисар, во два наврата постапил спротивно на своите овластувања.

-Во с. Смилево и с. Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата, соопшти МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тензична ситуација во Косовска Митровица: Граѓаните се собраа по уште едно апсење на Србин

Следна објава

Пронајдено безживотно тело во кичевско