Полицијата поднесе кривична пријава против заменик-командирот на шумската полиција во Демир Хисар поради злоупотреба на службената положба.
Утврдено е дека пријавениот Д. Т. (58), во својство на заменик-командир на Шумската полиција во Демир Хисар, во два наврата постапил спротивно на своите овластувања.
-Во с. Смилево и с. Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата, соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





