Машко тело без знаци на живот било пронајдено денеска во водите на Зајашка Река. Подоцна било утврдено дека станува збор за 77-годишен кичевчанец кој бил пријавен за исчезнат.
– На 13.06.2023 година во 10.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во населба Бичинци, во водите на Зајашка Река, забележано е машко тело без знаци на живот. Од преземените мерки утврдено е дека се работи за В.С.(77) од Кичево кој, на 12.06.2023 бил пријавен за исчезнат, информираат од МВР.
Медицинска екипа констатирала смрт без траги на насилство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





