Темен режим Режим на светлина

Столтенберг: Украина нема да добие покана за НАТО

Ллидерите на Северноатлантската алијанса нема официјално да ја поканат Украина да стане членка на НАТО, на самитот во Вилнус, Литванија, на 11 и 12 јули. Ова денес го соопшти Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– На самитот во Вилнус, но и за време на подготовките за самитот, нема да разговараме за официјалната покана, изјави Столтенберг за новинарите, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека лидерите ќе разговараат како Украина да се приближи до членството во НАТО. Генералниот секретар предупреди дека е против прифаќање на статусот на замрзнатиот конфликт во Украина.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Воз удрил во автомобил, повредени три лица

Следна објава

Повеќе од осум милиони Британци се на антидепресиви