Рама му порача на Курти: Излези од човечката самоизолација, не го губи северот на Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, побара од Србија да ги ослободи тројцата уапсени припадници на косовската полиција, а на косовскиот премиер Албин Курти му порача да излезе од „човечката самоизолација“.

Доколку нема деескалација на Северот, Еди Рама посочи дека Косово ќе биде „голем губитник“.

Рама истакна дека премиерот на Косово, Албин Курти, ќе ја влоши ситуацијата уште повеќе ако „инсистира да работи на свој начин и против сојузниците“ и дека на тој начин ќе ја изгудби контролата врз северот на Косово.

– А потоа збогум, и да уживаме во Република КФОР на северот на Косово, рече Рама.

Рама исто така истакна дека колку подолго уапсените припадници на косовската полиција „остануваат во Србија“, толку помали ќе се шансите „билатерални односи да не направат многу чекори назад“.

– Ова ќе биде недела на враќање на мразот меѓу нас доколку не бидат ослободени, напиша албанскиот премиер Еди Рама на Твитер.

Според него и да ја поминале граничната линија не сториле никакво кривично дело.

 

Претходна вестХоландска компанија го купува мнозински удел во клиниката „Жан Митрев“
Следна вестПа, како може Црвенковски да не верува во „датумот“ на Ковачевски?