Темен режим Режим на светлина

Ковачки: Внукот на Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8

Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8 и други патишта, се крие како подизведувач, тврди Драган Ковачки пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Според него со ова Јавно обвинителство „кланот Ахмети“, е заштетени а одоговорност ќе има кога ќе дојде до промена на власта.

– Во документите кои стигнаа до нас, вели Ковачки, од страна на свиркачи, а се анализа на банката на фирмите на Ахмети, е наведено дека „Тор Индустриес“ е формирана во 2020-та година за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани во Македонија. Дрин Ахмети со Тор Индустриес, заедно со уште една фирма од кланот Зајас за која ќе зборуваме деновиве е вклучен во изградба на Коридор 8, договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.

Кога голем број фирми едвај наоѓаат работа, фирмата на Дрин е најпосакуван партнер и дежурен подизведувач, на многу поголеми фирми. Дали зад тоа се крие Ахмети и дали има трговија со влијание?

Покрај на Коридор 8, како „Тор Индустриес“ на внукот на Али, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делница Извор – Гарски мост. Исто како и на Коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги инкасираат, според документите доставени до нас од свиркачи се помеѓу 6 и 9 милиони евра.

Потенцираме дека очекуваниот приход од 6 до 9 милиони евра, пред банката на „Тор Индустриес“ е изнесен токму од Дрин Ахмети, и тоа е заведено во анализата на банката.

Додека Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ неговите внуци профитираат од зделки со државата како подизведувачи на други фирми. Мислејќи дека ќе го избегнат окото на јавноста се кријат како втора рака, заборавајќи дека трагата на парите секогаш води до главата на шемата. А, главата е семејството Ахмети.

Со сегашното ЈО кланот од Зајас е заштитен, но одговорност ќе има по промената на власта, кога секој ќе треба да го докаже имотот кој што го стекнал, истакна Ковачки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кај двајца битолчани пронајдени седумдесет и три пакувања „трамадол“

Следна објава

Од ДУИ бараат Мицкоски да се поклони пред споменикот на УЧК во Слупчане