Темен режим Режим на светлина

Стевче Јакимовски: За ДУП-от покрај булеварот „Гологанов“ прашајте го Коце Трајановски – фонтаната, плоштадот и игралиштето нема да се рушат

Лажни се тврдењата дека со Деталниот урбанистички план за просторот покрај булеварот „Митроплит Теодосиј Гологанов“ спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“  зеленилото, фонтаната, плоштадот и игралиштето ќе се пренаменат во згради, изјави денеска Стевче Јакимовски, градоначалник на скопската Општина Карпош. Тој реагира на најавите од дел од граѓаните од ова подрачје дека утре ќе протестираат пред седницата на општинскиот Совет со цел ДУП-от да биде повлечен. Граѓаните со писмо соопштија дека се категорични во отпорот детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради.

Градоначалникот Јакимовски смета дека врева не крева никој, туку тоа како прават, како што рече, „лажоманите од Белата палата“.

-Се јавуваа по луѓето да ги лажат дека ќе им се уништела фонтана и ќе се направела улица. Се е тоа лага. Ако сакаат некого да го прашаат, треба да го прашаат едно момче со поголема брада од мене – Коце Трајановски. Тој ги има проектирано тие улици и тоа се согласно ГУП, кој што градоначалникот на Карпош само ги презема од Генералниот план. Сум се сретнал со граѓаните, сите нивни барања биле инкорпорирани. Пред да оди планот во анкета, сум ги прашал дали тоа што го бараат е во него и рекоа дека е така. Никогаш немало забелешки и двапати го гледале советниците. Сега сакаат политика и нивен член вчера ми кажа дека им се јавиле од партијата да протестираат против планот. Луѓе сакаат да земат власт, а да го лажат народот и тоа не е чесно, истакна Јакимовски на прес-конференција пред седиштетото на ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од ДУИ бараат Мицкоски да се поклони пред споменикот на УЧК во Слупчане

Следна објава

Здравствените инспектори вршат надзор во Гинекологија