Темен режим Режим на светлина

Од ДУИ бараат Мицкоски да се поклони пред споменикот на УЧК во Слупчане

Од политичката партија ДУИ побараа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се поклони пред спомен кулата во Слупчане, односно споменикот на УЧК.

Освен ова од ДУИ бараат и Мицкоски да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик.

-Наместо секој ден да потонува во анти албански и анти европски сентимент, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени.

Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Cеверна Македонија.
Наместо Мицкоски да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци, наместо да забранува доделување на работа на Албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по свое убедување.

Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на Албански јазик. Наместо да повикува на војна сред Собрание пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане, велат од ДУИ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачки: Внукот на Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8

Следна објава

Стевче Јакимовски: За ДУП-от покрај булеварот „Гологанов“ прашајте го Коце Трајановски - фонтаната, плоштадот и игралиштето нема да се рушат