Вонреден инспекциски надзор на Универзитетската клиника за гинекологија вршат инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат откако во неделата родилка скокна од првиот кат на болницата.
Од Министерството за здравство информираат дека комисијата е на терен и се утврдува фактичката состојба.
-По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, соопштија од Министерството.
Триесет и деветгодишната жена прексиноќа се обиде да си го одзеде животот фрлајќи се од првиот кат на Клиниката за гинекологија два дена откако родила здраво машко дете. Таа е во многу критична состојба на интензивна нега на КАРИЛ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




