Темен режим Режим на светлина

Поразите од Украина и од Англија не се одразија: Македонија остана на 68. позиција на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ранг листа на ФИФА остана на 68-та позиција.

Во јунските квалификации, Македонија забележа пораз од 3:2 против Украина и дебакл на гости кај Англија од 7:0. Во наредниот период, нашата селекција не одигра натпревари, па остана на освоените 1.350 бодови кои се доволни за 68-та позиција.

Македонија во последните натпревари се соочи со резултатска криза, па затоа неизвесна е и иднината на селекторот Благоја Милевски кој засега се уште е на чело на репрезентацијата.

Во септември, Македонија ја очекува натпревар против Италија дома и гостување на Малта.

На врвот на ФИФА-листата е светскиот првак Аргентина, а потоа следат Франција, Бразил, Англија и Белгија во топ-5. По нив се Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пронајдена марихуана во дом на скопјанец во Волково

Следна објава
За еден месец македонските девизни резерви зголемени за 675,3 милиони евра

Кај српски државјанин пронајдени 47.000 евра, цариниците му одзеле 27.000