Фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ранг листа на ФИФА остана на 68-та позиција.
Во јунските квалификации, Македонија забележа пораз од 3:2 против Украина и дебакл на гости кај Англија од 7:0. Во наредниот период, нашата селекција не одигра натпревари, па остана на освоените 1.350 бодови кои се доволни за 68-та позиција.
Македонија во последните натпревари се соочи со резултатска криза, па затоа неизвесна е и иднината на селекторот Благоја Милевски кој засега се уште е на чело на репрезентацијата.
Во септември, Македонија ја очекува натпревар против Италија дома и гостување на Малта.
На врвот на ФИФА-листата е светскиот првак Аргентина, а потоа следат Франција, Бразил, Англија и Белгија во топ-5. По нив се Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.





