Темен режим Режим на светлина

Работнички се засили со Кристоџеј Дејли од Јамајка

Работнички доведе уште едно засилување во пресрет на новата сезона. Тригодишен договор со „романтичарите“ потпиша фудбалерот од Јамајка, Кристоџеј Дејли.

„Дејли има 20 години и доаѓа од Харбор вју, еден од најдобрите клубови во Јамајка. Тој дел од минатата сезона мина и во словенечкиот прволигаш Копер. Кристоџеј Дејли е офанзивен играч за врска кој може да одговори и на потребите на левата крилна позиција.

Работнички ги продолжува подготовките во Словенија и сабота ќе одигра пријателски натпревар со словенечкиот нисколигаш Бриње“, велат од македонскиот прволигаш.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јончевски го одреди поширокиот список на кошаркари и ќе прозива на 24 јули

Следна објава

Лога демантира дека игнорира прашања на македонски јазик