Виси настапот на Вардар и Воска Спорт во Првата лига, двата клуба сѐ уште ја немаат доставено потребната документација за да добијат лиценца за настап, ФФМ им даде рок до среда да го направат тоа.
Проблем за црвено-црните е тоа што веќе поранешниот сопственик, Слободан Крстевски ја нема доставено завршната сметка за минатата сезона. Недостасува тој извештај за комплетирање на документацијата.
Воска Спорт треба да се трансформира во Акционерско друштво за да настапува во Првата лига, клубот од Охрид сѐ уште го нема направено тоа. Функционира како здружение на граѓани, но така не може да се натпреварува на највиско ниво.
Поради овој проблем ФФМ неколкупати ја одложуваше ждрепката за новата сезона. Вардар и Воска имаат краен рок да ги средат документите до среда, во спротивно нема да добијат лиценци и ПМФЛ во новата сезона ќе брои десет клубови.




