Малолетник бил повреден со остар предмет во Тетово. Случајот во полиција го пријавила неговата мајка.
– Четириесетгодишната тетовка Д. М. С., вчеравечер, во 23.30 часот, во СВР Тетово пријавила дека околу 10 часот, на улицата Борис Кидрич во Тетово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Напаѓачот користел и остар предмет, со кој му нанел повреда, соопштија од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.