Темен режим Режим на светлина

Двајца пешаци прегазени во Тетово, со тешки повреди однесени во болница

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Двајца пешаци се тешко повредени во две одвоени сообраќајни несреќи во Тетово. Првата несреќа се случила вчера околу 10.55 часот на бул.„Благоја Тоска“ кога автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(65) од с.Ѓермо, удрил во пешакот М.А.(82) од Тетово.

По несреќата, М.А бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

– Околу 23:05 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово ,автомобил „ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Л.Љ.(25) од Тетово, удрило во пешакот А.У.(61) од Тетово.

По несреќата, А.У. бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Во двата случаи извршен е полициски увид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Од полноќ горивата со нови цени

Следна објава

Во Јапонија родителите има бараат партнери на своите деца