Променливо облачно и ветровито време со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи. Ќе дува засилен североисточен ветер (на места со брзина над 70 км/час). УВ=5
Утринската температура изнесуваше од 10 до 16 степени, а дневната ќе се движи од 16 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен североисточен ветер. Температурата изутрина беше 15 степени, додека преку ден ќе се искачи до 25 степени.