Home АКТУЕЛНО ЈП „Дрисла“: МВР и ЈО детално да го истражат пожарот и сторителите да бидат најдени и казнети

ЈП „Дрисла“: МВР и ЈО детално да го истражат пожарот и сторителите да бидат најдени и казнети

0
ЈП „Дрисла“: МВР и ЈО детално да го истражат пожарот и сторителите да бидат најдени и казнети

Апелираме правото и слобода на говорот и јавното информирање да не се злоупотребува за ширење на лажни вести и невистини по социјалните мрежи од страна на група луѓе кои го доведуваат во заблуда и паника локалното население дека депонијата „Дрисла“ ги загрозува животната средина и здравјето на луѓето, како што се случи денес во раните утрински часови, со подметнатиот пожар на депонијата „Дрисла“, реагираат денеска од ова скопско јавно претпријатие.

Во него се наведува дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на вработените на „Дрисла“ со помош на пожарникарски служби, пожарот е изгаснат и претпријатието продолжува со редовни активности.

-Од страна на полицијата направен е увид и записник и истата ќе постапува согласно своите ингеренции. Воедно ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да го истражат случајот и сторителите да бидат најдени и соодветно казнети, а против лицата кои шират лаги и дезинформации за депонијата „Дрисла“, од страна на претпријатието ќе бидат покренати соодветни постапки, се наведува во реакцијата од „Дрисла“.

Оттаму додаваат дека ЈП депонија „Дрисла“ е единствена санитарна депонија во државата која работи согласно А – интегрирана дозвола и своите работни активноси ги извршува согласно сите законски прописи за управување со отпад и заштита на животната средина. Истовремено е под целосна контрола и мониторинг од страна на Државниот инспекторат за животна средина.