Триесет и седумгодишната тетовка И.С. вчеравечер во СВР Тетово пријавила дека на 4-ти овој месец нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници. Тие со мобилен телефон го снимале настанот и потоа снименото го прикажувале на други лица.
Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.