Празничен перформанс во Прилеп: 1.200 ученици формираа македонско знаме на плоштадот

Ученици со перформанс формираа македонско знаме на плоштадот во Прилеп, во пресрет на празникот 11. Октомври. Во перформансот кој оваа година е возобновен во Прилеп учествувале околу 1200 ученици од основните и средните училишта.

-После 5 години ја возобновуваме оваа прекрасна традиција на формирање на македонското знаме во центарот на градот, со што родолжуваме со многубројните активности и богатата програма по повод 11 Октомври. Перформанс во кој што учествуваа околу 1200 ученици од сите основни и средни училишта од општина Прилеп, информираше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Претходна вестЗагрижувачки: Од секојдневни нерасположенија и безнадежност страда секое второ девојче до 15 години, секое трето е осамено…
Следна вестЗа вработен во МВР кој го поддржа нападот на Хамас врз Израел ќе има санкции