Темен режим Режим на светлина

Тешко повреден моторџија во скопско Бардовци

Моторџија бил тешко повреден во сообраќајка во скопско Бардовци. Тој се судрил со товарно моторно возило.

– Вчера во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред крстосница од ул.„Скупи“ и ул.„10“ во с. Бардовци, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А.(42) од Свети Николе и мотоцикл „беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје,  информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ќе запрат ли поплавите: Почнаа регулацијата на коритото на Вардар во Туденце

Следна објава

Апасиев: Банките легално ве поткраднуваат, а буржујската ДПМНЕ повторно одработува за банкарите