Темен режим Режим на светлина

Фирмите на Мијалкови и на Трајче Заев должат по околу два милион евра за данок

Над 6.000 активни фирми без фискален систем, следуваат контроли од УЈП Над 6.000 активни фирми без фискален систем, следуваат контроли од УЈП

Фирмите на семејството Мијалкови и на Трајче Заев братучед на Зоран Заев се најдоа на листата на најголеми должници, која ја објави Управата за јавни приходи односно УЈП. На оваа листа се најдоа 5.105 фирми и граѓани кои имаат доспеани долгови до 31 јули, а не ги платиле до 31 октомври. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Најголем должник е компанијата „Окитна Трејд“ од Визбегово која должи 648.650.841 денар по основ на ДДВ.

Втора е подружницата на чешката фирма со руски сопственик, „СГСМ Оил Гас Сервис“ која должи 219.457.045 денари, односно над 3,5 милиони евра.

Трето е Јавното комунално претпријатие Гостивар кое должи околу 2,3 милиони евра.

Следува „Дивелоп Груп ДОО Скопје“, компанија во чија сопственост е хотел „Мериот“ , со долг од нешто над два милиони евра односно 128, 5 милиони денари за ДДВ и данок на добивка. „Дивелоп Груп„“ е во сопственост на „Бест Веј“ фирма на синот на Сашо Мијалков, Јордан, како и на Александар Ивановски познат како Алек Теранова.

Пета како најголем должник е фирмата „Мил-Давит ДОО Скопје“, регистрирана во скопска Кисела Вода а шеста „Хотел Гранд ДООЕЛ Скопје“ регистрирана во скопската Општина Центар.

Меѓу најголемите десет должници е фирма на Трајче Заев, братучед на Зоран Заев која е деловно неактивна и има еден вработен, но должи два милиони евра за ДДВ. Станува збор за фирмата „Абира Плус ДООЕЛ“.

Меѓу останатите најголеми должници се и , турската „Спектра Јеотек“, од Кратово, „Блек Си Метал Трејдинг“ од Скопје и Центарот за култура од Тетово, „Иљо Антески Смок“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: ДПМНЕ го поклони ХEЦ Тиквеш, а СДСМ бара прво реализација на Чебрен со што заштеди 100 милиони евра

Следна објава

„Македоника литера“ ја објави книгата „Социолингвистика“ од Александра Ѓуркова