Македонските писатели организирани во Друштвото на писателите на Македонија не избра нов претседател на денешното вонредно изборно собрание поради немање кворум
-Продолжението на седницата на Вонредното изборно собрание на Друштво на писателите на Македонија не се одржа информира секретарот на ДПМ.
Денеска требаше да се одржи вонредното изборно Собрание кое на 25 ноември минатата година не се одржа поради немање кворум за работа. За оваа седница останува важечка кандидатурата само на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ.
Повикот за кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ беше објавен на 20 октомври минатата година, а рокот за доставување на кандидатурите беше до 4 ноември, при што со кандидатури се јавија шест кандидати.
Од четворицата кандидати за претседател на ДПМ, досега се откажаа тројца.